Испечатете ја страната

Лестер Бо Мекејлеб во ноември ќе гостува во „Јане Сандански“

2016 16 Сеп

Неколкуте откажани екипи и желбата да не се спушта критериумот за квалитет при барањето нивни замени ги натера челниците на Еврокупот да направаат измени во групната фаза од ова натпреварување, кои го вклучуваат и МЗТ Скопје Аеродром, кој наместо во групата Ц ќе игра во групата А и тоа со екипите на Лиеткабелис (Литванија), Нижни Новгород (Русија), Гран Канарија (Шпанија) и хрватска Цедевита.

Со новите промени, секоја од четирите групи ќе има по пет екипи, од кои во втората фаза ќе се пласираат по четири, што автоматски остава поголем простор за надеж дека македонскиот шампион ќе може да влезе во Топ 16-фазата. Негативна страна на префрлањето од групата Ц е губењето можност во овој сегмент да се одмерат силите со еден Баерн Минхен. Но, голем плус на новото позиционирање е што публиката во „Јане Сандански“ ќе може во живо да го види поранешниот репрезентативец и херој на четвртата селекција од ЕП 2011, Лестер Бо Мекејлеб. Тој е сега член на Г. Канарија, која според новиот распоред на 9 ноември ќе гостува во Скопје.

Промените во групите доаѓа по откажувањето на Партизан, АЕК, Зиелена гора и Динамо Волгоград, кои потпаднаа под притисокот на ФИБА. Постоеше можност за поканување нови тимови, меѓу кои беше и српски ФМП, но конечната одлука е да се продолжи со 20 учесника.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

12 октомври (1.коло): Лиеткабелис - МЗТ Скопје Аеродром

19 октомври (2. коло): МЗТ Скопје Аеродром е слободен

26 октомври (3. коло): МЗТ Скопје Аеродром – Цедевита

2 ноември (4. коло): Нижни Новгород - МЗТ Скопје Аеродром

9 ноември (5. коло): МЗТ Скопје Аеродром – Гран Канарија

16 ноември (6. коло): МЗТ Скопје Аеродром – Лиеткабелис

23 ноември (7. коло): МЗТ Скопје Аеродром е слободен

30 ноември (8. коло): Цедевита - МЗТ Скопје Аеродром

7 декември (9. коло): МЗТ Скопје Аеродром – Нижни Новгород

14 декември (10. коло): Гран Канарија - МЗТ Скопје Аеродром