Пуштени во продажба билетите за понеделничкиот дуел со Игокеа!

2017 24 Фев

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром би сакал да ја информира спортската јавност дека се пуштени во продажба влезниците за претстојната средба против екипата на Игокеа, која на 27 февруари (понеделник) со почеток во 21 часот ќе се одигра во големата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“ .

Цената на билетите за овој исклучително значаен дуел за нашиот клуб е идентична како и на речиси сите претходни досега и изнесува 100 (сто) денари. Влезниците може да се купат на билетарницата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page