МЗТ Скопје Аеродром не успеа да победи на гостувањето кај Мега Лекс

2016 30 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја да го задржат победничкиот моментот по триумфот над Карпош Соколи минатиот викенд, откако загубија на вечерашното гостување кај Мега Лекс со 72-87 (22-27, 16-15, 19-23, 15-22) во меч од 7. коло од АБА-лигата.

Сино-белите се бореа максимално, дадоа сѐ од себе, но едноставно пресуди кусата ротација и отсуството на дури тројца првотимци (Дреновац, Клоф и Симоновски). Избраниците на тренерот Александар Јончевски речиси во сите 40 минути имаа резултатски приклучок зад противникот, кој иако водеше, сепак, постојано стравуваше од пресврт. Во повеќе наврати се заканувавме со такво нешто, но снемавме сили во решавачките моменти.

Згора на тоа, српскиот состав имаше шутерски ден и погодуваше тројки секогаш кога МЗТ Скопје Аеродром имаше свој моментов. Ако на ова се додаде и катастрофалното судење на штета на нашиот тим, но и бројката од 24 загубени топки, тогаш е јасно зошто загубивме на гостувањето во Сремска Митровица со разлика која воопшто не е реална со оглед на прикажаното на паркетот.

Американецот Џош Скот со 22 поени и осум скока беше убедливо најдобар кај аеродромци и тоа со само едно промашување од поле (6/7) и 10/12 од линијата за слободни фрлања. Јуре Лалиќ постигна 15 поени за 15 минути, а Ксавиер Темс застана на 13 поени. Стојан Ѓуроски имаше солидно деби со шест поени (две тројки) и пет скока.

Нашиот тим веќе утре патува за Русија, каде што в среда ќе ги одмери силите со Нижни Новгород во рамки на Еврокупот. Шансата за втора победа во АБА-лигата, пак, ќе ја имаме следната недела, кога во „Јане Сандански“ ќе гостува Унион Олимпија.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page