Без Лалиќ и Дреновац на мегдан против силната Цедевита

2016 06 Окт

Пресметката на МЗТ Скопје и Цедевита, закажана за попладнево во Загреб (17 часот), ќе биде дуел на два ранети лава односно екипи кои сезоната во АБА-лигата ја почнаа со два порази.

Пресметка претставува шанса за делумен излез од кризата за четата од Скопје, што воопшто нема да биде лесно, првенствено поради квалитетот на загрепчани, но и поради некомплетноста на составот кој на располагање ќе го има тренерот Емил Рајковиќ. Во него повторно ќе го нема Ѓорѓе Дреновац поради повреда на бутниот мускул на левата нога додека во хрватската престолнина нема да настапи ниту Јуре Лалиќ, поради скршеница на носот добиена на вчерашниот дуел со Партизан.

„Факт е дека се наоѓаме во тежок период, по поразите во двата стартни натпревари од новата сезона во АБА-лигата. Нема да ни биде полесно ниту во иднина со оглед на тоа што сме приморани да играме без двајца исклучително важни играчи, Ѓорѓе Дреновац и Јуре Лалиќ, кои се повредени. Наша цел на мечот со Цедевита е да пробаме барем делумно да се извлечеме од кризата, едноставно да почнеме да играме кошарка на начин со кој би тргнале нанапред“, изјави стратегот на „металците“.

Ова ќе биде деветта пресметката на МЗТ Скопје Аеродром и на Цедевита во АБА-лигата, а скорот од досегашните средби е 6-2. Македонскиот тим одамна не знае за триумф против екипата од Загреб, која ги доби последните шест меѓусебни пресметки. Последен пат „металците“ ја совладаа Цедевита во февруари 2013 година во првата сезона од јадранската пловидба на клубот.

Нѐ очекува тежок натпревар, со оглед на тоа што и Цедевита ја почна сезоната со два порази исто како и ние, поради што победата ќе биде значајна и за едните и за другите. Ќе мора да го подигнеме нивото на игра и пред сѐ на енергијата, бидејќи само така би можеле да го изненадиме силниот противник. Нема да биде лесно, особено без Дреновац и Лалиќ, но ќе се бориме и ќе дадеме сѐ од себе. Дали тоа ќе биде доволно, ќе видиме попладнево“, вели македонскиот репрезентативец.

Раритетно за оваа средба е што првпат во досегашните настапи во АБА-лигата на МЗТ Скопје Аеродром правдата ќе му ја дели македонски судија и тоа Игор Митровски. Тој ќе биде на центарот на денешниот меч заедно со српскиот двоец Илија Белошевиќ и Милија Војиновиќ.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page