Симоновски: Ќе мора да играме далеку поагресивно!

2016 04 Окт

Тешко им беше на претставниците на МЗТ Скопје Аеродром да најдат зборови по денешниот пораз на средбата против Партизан, кој е втор по ред во новата сезона во АБА-лигата.

Високата негатива на крајот заедно со незгодната повреда на стартниот центар Јуре Лалиќ беше причина за разочараноста на лицето на Марко Симоновски, кој беше на прес-конференцијата по завршувањето на средбата.

„Лошо го отворивме натпреварот, пред сѐ во одбраната. Голем удар беше што останавме без стартниот центар Лалиќ од кого зависат многу работи во нашата игра, а дефинитивно ни недостасуваше и Ѓорѓе Дреновац. Но, сето ова не е оправдување за овие 93 поени што ги примивме вечерва. Вакво нешто не смее да ни се повтори во иднина, едноставно ќе мора да бидеме поагресивни и во нападот и во дефанзивата“, изјави бекот на „металците“.

Слични беа размислувањата и на тренерот Емил Рајковиќ.

„Кошаркарите на Партизан беа побрзи и посилни од нас и заслужено победија. После ваков пораз сите се запрашуваме што сме згрешиле и дали воопшто и како може да се продолжи понатаму. Ако ги кажам проблемите со кои се соочуваме, тоа ќе биде сфатено како алиби, а после ваков натпревар тоа треба да се случи. Повредата на Лалиќ ќе биде уште еден товар за понатаму, ротацијата ќе ни биде помала, но ќе продолжиме да се бориме“, беше коментарот на стратегот на аеродромци.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе немаат многу време за одмор, бидејќи веќе утре во раните утрински часови заминуваат за Загреб, каде што задутре од 17 часот ќе ги одмерат силите со хрватска Цедевита.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page