Втор пораз за МЗТ Скопје Аеродром во АБА-лигата

2016 04 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со пораз ја отворија новата сезона на домашен терен, откако загубија во денешната пресметка со Партизан (62-93), во рамки на 2. коло од АБА-лигата.

Лошиот шут за три поени (4/30) се покажа како пресуден за неуспешниот старт на „металците“ во салата „Јане Сандански“ во која се собраа околу 4.000 вљубеници во кошарката. Мора да се напомене и големиот играчки хендикеп со кој се соочи тренерот Емил Рајковиќ, кој мораше да игра без Ѓорѓе Дреновац (повреда на бутниот мускул), но и во најголем дел и без Јуре Лалиќ, кој во првата четвртина доби силен удар во носот и мина само четири минути на паркетот. Високиот центар проба да се врати во игра, но проблемите се покажаа посериозни, поради што веднаш беше префрлен на подетален преглед.

Црно-белите умешно ја казнуваа секоја наша грешка и веќе пред крајот на првиот период дојдоа до двоцифрена предност (25-14). Збунетоста кај играчите на МЗТ Скопје продолжи и во втората четвртина, во која не погодија неколку врзани удари за тројка што резултира и со уште поголемо водство на противникот (46-22). Сино-белите се трудеа да се вратат во игра и да направат резултатски пресврт, но немаа сили за нешто такво.

Ксавиер Темс повторно беше најефикасен кај сино-белите со 20 постигнати поени додека Џеремаја Мејси реализира 15 поени со 12 скока. Аеродромци ќе немаат премногу време за размислување за овој пораз со оглед на тоа што веќе задутре ги чека тешко гостување против ранетата Цедевита, која исто како нив сезоната ја почна со два порази.

Средбата се игра в четврток во Загреб со почеток во 17 часот.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page