Сѐ е подготвено за спектаклот против Партизан

2016 03 Окт

Ждрепката за новата сезона во АБА-лигата беше немилосрдна кон МЗТ Скопје Аеродром со оглед што по тешкото гостување кај актуелниот шампион Црвена звезда минатиот петок, веќе утре им носи пресметка со уште еден силен српски ривал – тимот на Партизан.

Сино-белите посакуваат со победа да ја отворат сезоната на домашен терен, што сигурно нема да биде лесно со оглед на квалитетот на противникот, со кого досега имаат скор 3-5 во средбите одиграни во изминативе четири сезони во регионалното натпреварување. Ова воедно е дуел на тренери кои во минатото работеа заедно во стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија, кога Александар Џикиќ (Партизан) и Емил Рајковиќ (МЗТ Скопје) како тандем успешно ги минаа квалификациите за ЕП 2015.

„Кошаркарите на Партизан на средбата против Морнар покажаа голема борбеност и агресивност во одбраната. Добро се познаваме со тренерот Џикиќ со кого работевме заедно во репрезентацијата на Македонија и знам што тој форсира како игра. Ние мораме да одиграме посилно во дефанзивата и да го кренеме нивото на енергија во однос на претходниот дуел со Црвена звезда, нормално ако сакаме да победиме во утрешниот натпревар против силниот противник“, изјави Рајковиќ

МЗТ Скопје Аеродром и овој пат се соочува со проблеми од здравствена природа и тоа поради повредата на бутниот мускул на левата нога на Ѓорѓе Дреновац, чиј настап се уште е под голем знак прашалник. Тој поради ова не настапи на петочниот дуел со Ц. Звезда. Марко Симоновски полека влегува во ритам по неколкумесечното отсуство поради повреда, а сите останати се целосно подготвени за напорот кој ги очекува.

„Дуелот против Црвена звезда го почнавме добро, но потоа набрзина направивме неколку грешки по што беше тешко да се вратиме. Ваквите пропусти треба да ги намалиме на минимум на утрешната средба против Партизан. Тимот мора да функционира беспрекорно, сите да играме како еден, бидејќи само така ќе дојдеме до посакуваната победа. Нема да биде лесно, но знам дека ќе дадеме сѐ од себе за да ги израдуваме навивачите на отворањето на сезоната на домашен терен“, вели Џеремаја Мејси.

Утрешната средба против Партизан почнува во 17 часот, а влезниците веќе одамна се во продажба и тоа на билетарницата во салата „Јане Сандански“ и на интернет преку сајтот www.ticketplus.mk. Цената е 100 (сто) денари.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page