Рајковиќ: Се надевам на подобра игра на мечот со Партизан!

2016 30 Сеп

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Емил Рајковиќ не беше задоволен од тоа што неговите избраниците прикажаа на вечерашната средба во Белград против Црвена звезда, која заврши со победа на домаќинот со 91-69, потенцирајќи дека голема улога во поразот имаше и отсуството на повредениот Ѓорѓе Дреновац.

Ова беше прва средба од новата сезона во АБА-лигата, во која тимот од „Јане Сандански“ настапува петти пат по ред.

„Не може да бидам задоволен. Не одговоривме на физички план, а бевме и хендикепирани со неиграњето на Дреновац, кој е наша единствена опција на позицијата три. Згора на тоа, Симоновски сѐ уште е ровит по тримесечното отсуство од теренот, поради што моравме да импровизираме со пониските играчи. Мора да ја бараме нашата игра и да напредуваме на секој тренинг и на секој натпревар. Следен противник ни е Партизан во Скопје. Се надевам на многу подобра партија со која би можеле да се надеваме на победа“, изјави по средбата тренерот Рајковиќ.

На прес-конференцијата по средбата беше и српскиот интернационалец во таборот на МЗТ Скопје, Урош Лучиќ.

„Добро знаеме која е Црвена звезда на мапата на европската кошарка. Добро влеговме во натпреварот, се држевме до пред крајот на првата четвртина, но тогаш противникот влезе во својот добро познат ритам на што ние немавме адекватен одговор, пред сѐ на физички план. Се на сѐ, заслужен триумф на актуелниот АБА-шампион“, изјави Лучиќ.

„Металците“ веднаш по средбата тргнуваат кон Скопје, каде што веќе од утре ќе почнат да работат на проектот наречен Партизан, кој во вторник ќе гостува во „Јане Сандански“. Средбата ќе се игра со почеток во 17 часот, а влезниците се веќе во продажба по цена од сто денари.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page