МЗТ Скопје Аеродром поразен на стартот од АБА-лигата

2016 30 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со пораз ја почнаа новата сезона во АБА-лигата, откако загубија на вечерашното гостување кај актуелниот шампион, Црвена звезда со 69-91 (20-27, 10-22, 16-20, 23-22)

По добрата игра во првите девет минути, во кои во неколку наврати го имавме и водството, следуваше лоша последната минута од првиот период, кога избраниците на Емил Рајковиќ брзо примија седум поени во низа (20-27). Потоа, пак, следуваше период на збунетост и деконцентрација и тоа во последните пет минути од втората четвртина во кои црвено-белите направија серија 16-0. Сето ова резултираше со голема позитива за противникот (27-49) пред крајот на полувремето, што беше доволен знак дека сино-белите ќе го претрпат и петтиот пораз во петтото гостување кај Ц. Звезда во Белград во јадранската ера на клубот.

Во продолжението кошаркарите на македонскиот шампион се трудеа барем да ја намалат високата негатива, но противникот беше исклучително расположен за шут (61-отсто од поле) и за надигрување. Очигледно беше и отсуството на Ѓорѓе Дреновац, кој беше во составот, но не можеше да им помогне на соиграчите поради повредата на бутниот мускул на левата нога.

Американецот Ксавиер Темс беше единствената светла точка вечерва во составот на МЗТ Скопје Аеродром со реализација на 17 поени со 5/7 шут за три поени. Зад него според реализацијата беа Урош Лучиќ со 13 поени и Џеремаја Мејси со 12 поени, додека Јуре Лалиќ и Шарлон Клоф 11 односно постигнаа десет поени.

Сино-белите ќе мора брзо да го заборават овој пораз и да пробаат во од да ги исправат грешките покажани на средбата во салата „Александар Николиќ“ бидејќи ги чека пресметка со уште еден белградски гигант, екипата на Партизан и тоа веќе во вторник, на домашен терен во салата „Јане Сандански“.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page