Лалиќ: Ќе пробаме да ја изненадиме фаворизираната Ц. Звезда!

2016 30 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во вечерашниот меч (19 часот) од воведното коло од новата сезона во АБА-лигата, ќе се обидат да го направат тоа што ниту еднаш не им успеа во изминативе четири сезони - да ја изненадат фаворизираната Црвена звезда среде Белград.

Двата тима досега имаат одиграно осум натпревари во регионалното натпреварување и меѓусебниот скор е 7-1 во однос на црвено-белите од салата „Пионир“. Македонскиот претставник единствениот триумф го оствари пред три години во Скопје, а оттогаш следуваа пет победи по ред на белграѓани. Сето ова само ја зголемува желбата за триумф во таборот на аеродромци и е дополнителен мотив за избраниците на тренерот Емил Рајковиќ за прикажување во најдобро можно светло во пресметката со актуелниот шампион во АБА-лигата.

Сите добро знаеме која е Црвена звезда и колку убедливо знае да игра, особено на средбите во Белград. Но, не се плашиме од тоа. Напротив, ќе одиграме храбро и ќе видиме што може да направиме против еден од најдобрите тимови во регионот. Благодарен сум за комплиментите кои на наша сметка дојдоа од противничкиот тренер Радоњиќ и можам да возвратам со иста мера бидејќи Звезда и оваа година има тим за респект“, изјави тренерот Рајковиќ пред утрешната средба.

Хрватскиот интернационалец Јуре Лалиќ е еден од играчите со најголемо искуство во настапите во АБА-лигата, поради што од него се очекува да биде и еден од лидерите на паркетот и тоа не само на утрешната средба со Црвена звезда.

Белграѓани на средбите на домашен терен играат агресивно, прикажуваат таканаречена физичка кошарка на мал број поени. Наша цел ќе биде да дадеме што поголем отпор и да пробаме да изненадиме. Нема да се залетуваме, ќе одиме коло по коло во АБА-лигата, имаме добар играчки ростер и може да дојдеме до добар резултат сезонава“, изјави Лалиќ.

МЗТ Скопје Аеродром во подготвителниот период одигра осум натпревари во кои оствари пет победи и три порази. Здравствениот билтен е добар, а единствен кој се жали на повреда е Ѓорѓе Дреновац и тоа на бутниот мускул на левата нога. Но, и покрај тоа, тој ќе биде во составот на средбата во „Пионир“, а дали и колку ќе игра ќе се знае пред самиот почеток на натпреварот.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page