МЗТ Скопје Аеродром е подготвен за петтата пловидба по Јадранот

2016 28 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ги одработуваат последните тренинзи пред задутрешниот старт на АБА-лигата против Црвена звезда во Белград, во чиј пресрет стручниот штаб и управата на прес-конференција ги кажаа своите очекувања од петтата пловидба по Јадранот за тимот од „Јане Сандански“.

Заедничка е оценката дека пред сино-белите е напорна сезона во која покрај средбите од регионалното натпреварување ги очекува и предизвикот наречен Еврокуп.

„Нè очекува долга и напорна сезона, во која се надевам дека ќе бидеме достојни на нивото кое го имаат натпреварувањата како Еврокупот и АБА-лигата во кои настапуваме. Пред нас е пеколно тежок октомвриски распоред во кој се надевам дека ќе извојуваме што е можно повеќе победи. Слушаме за комплиментите кои на наша адреса доаѓаат од противниците, но квалитетот на тимот се гледа на теренот. Ќе работиме напорно и очекуваме формата да се крева од меч во меч, со тоа што најдоброто од овој тим го очекувам во вториот дел од сезоната. Имаме тим од играчи кои првпат играат заедно и дефинитивно ќе треба да помине малку време за сѐ да се вклопи како што треба“, изјави тренерот Емил Рајковиќ на денешната дружба со новинарите.

Сезоната за МЗТ Скопје почнува задутре, а следниот вторник ја отвораме новата приказна на домашен терен против белградски Партизан, меч за кој билетите се веќе пуштени во продажба по цена од сто денари. Потоа следуваат во засилено темпо дуели со Цедевита во Загреб (6 октомври), и Цибона дома (9 октомври) пред првата средба во Еврокупот, на гостински терен против литвански Лиеткабелис (12 октомври).

„Нè очекува почеток на една напорна сезона. Натпреварите ни се на секои три дена, нешто што ќе мора овој тим да го издржи. Сигурно ќе биде напорно, но сигурен сум дека кошаркарите ќе стиснат заби и ќе го дадат својот максимум на секој меч“, изјави извршниот директор Секуловски.

Сино-белите вечерва го имаат последниот тренинг во Скопје, а утре заминуваат за Белград каде што ќе ги направат последните тактични подготовки пред средбата со актуелниот шампион на АБА-лигата, белградска Црвена Звезда.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page