Почнува продажбата на влезниците за пресметката со Партизан!

2016 26 Сеп

Кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром би сакал да ја информира спортската јавност кај нас дека од утре (27 септември) ќе почне продажбата на влезниците за првиот домашен натпревар сезонава во АБА-лигата и тоа против белградски Партизан, закажан за 4 октомври (вторник) во салата „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот во рамки на 2. коло од регионалното натпреварување.

Драгоценото парче хартија за официјалното претставување на новиот тим на „металците“ пред домашната јавност ќе чини 100 (сто) денари и истото ќе може да се купи на билетарницата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и он-лајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

Претходно, на стартот од АБА-лигата, избраниците на новиот тренер Емил Рајковиќ на 30 септември (петок) ќе му гостуваат на актуелниот шампион во оваа конкуренција, белградска Црвена звезда. Попладнево, пак, сино-белите ќе го одиграат последниот пријателски меч пред новата сезона и тоа против Фени индустри (17 часот) во финалето на седмото издание од меморијалниот турнир „Димитар Ѓорѓиев“ во Кавадарци.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page