Лалиќ, Дреновац и Скот се меѓу седумте „најскапи“ кошаркари сезонава во АБА-лигата!

2016 26 Сеп

Дека МЗТ Скопје Аеродром и неговите кошаркари се сфаќаат сериозно во пресрет на новата сезона во АБА-лига покажува и рангирањето на играчите во виртуелната игра „АБА баскетбол фанази“, каде што нашиот клуб има дури тројца претставници меѓу седуммината за кои кошаркарските вљубеници треба да потрошат најмногу „пари“ ако сакаат да ги имаат во своите тимови.

Хрватскиот интернационалец Јуре Лалиќ е најдобро рангиран во таборот на „металците“ и за него треба да се потрошат 62 кредита. Ѓорѓе Дреновац чини 60, а Џош Скот 57 кредити. Убедливо „најскап“ играч во моментов во АБА-лигата е центарот на Цедевита, Миро Билан и чини 79 кредити, зад него се Анте Жижиќ од Цибона (75), Вук Радивојевиќ од Игокеа (68) и Марко Луковиќ од Крка (67) по што следува тројката од редовите на екипата од Аеродром.

Цената на играчите во виртуелната игра „АБА баскетбол фантази“, која од година во година собира сѐ повеќе број вљубеници, се одредува според очекувањата колкав ќе биде неговиот коефициент на успешност, кој редовно се пресметува на секој натпревар. Во ситуација екипата на кошаркарот што го имате избрани ја добие средбата, тогаш овој коефициент се зголемува за 10-отсто при пресметката на неговиот број поени во даденото коло. После секоја рунда, цените на кошаркарите се менуваат во зависност од тоа како одиграле во претходниот натпревар, а играчите на фантази имаат право да сменат најмногу тројца членови на својот виртуелен тим пред почетокот на секое следно коло.

А, колку е важен податокот што МЗТ Скопје Аеродром има тројца меѓу „најскапите“ во моментов во АБА-лигата говори и фактот што ниту една друга екипа нема повеќе од еден кошаркар меѓу најскапите десет.

Од останатите кошаркари со кои располага тренерот Емил Рајковиќ, зад „скапата“ тројка следуваат Тори Томас (43 кредити), Шарлон Клоф (42), Марко Симоновски (41), Џеремаја Мејси (37), Ксавиер Темс (27) и Урош Лучиќ (24). Очекувано, со оглед на минутажата која се очекува да ја имаат, на крајот следуваат Адем Мекиќ, Љубомир Младеновски (двајцата по осум) и Андреј Цветковски (седум).

Сега останува тие што се меѓу „најскапите“ да ја оправдаат довербата кај фантази играчите кои ќе ги изберат и да пробаат да си ја зголемат „цената“, додека на останатите е да покажат дека неправедно биле потценети при оценувањето и со прикажаното на паркетот да го зголемат бројот кредити зад своето име.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page