На само десет дена до стартот на АБА: МЗТ Скопје го одржа првиот тренинг со сите играчи!

2016 19 Сеп

На само десетина дена пред отворањето на европската сезона и дуелот во Белград со Црвена звезда, актуелниот шампион на АБА-лигата, Емил Рајковиќ, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, за првпат одржа тренинг на кој беа сите првотимци на кои смета за исклучително напорната сезона која е пред шампионот.

Денешниот утрински собир беше прв за Шарлон Клоф, Марко Симоновски и Љубомир Младеновски, а на паркетот беше и нашиот најнов дебитант во репрезентацијата на Македонија, Адем Мекиќ, кој претходно одработе неколку тренинга со клупските соиграчи во периодот кога беше во втор план кај селекторот Драган Раца. Стручниот штаб нема премногу време за нивно внесување во системот на новиот стратег, со оглед на тоа што веќе за три дена нѐ очекува фајналфор-турнирот во Суперкупот, каде што в четврток во полуфиналето ќе ги одмериме силите со Фени индустри.

Клоф вчера на пладне пристигна во Скопје по периодот минат во репрезентацијата на Холандија, со која не успеа да се пласира на ЕП 2017, најмногу поради шокантно високиот пораз на домашен терен во последното коло од Германија (51-82). И покрај лошиот краен ефект, за новото засилување на МЗТ Скопје е сосема солиден репрезентативен период во кој на шесте квалификациски средби беше најпрецизен во својата селекција со просек од 13,2 заедно со 5,3 скока и 3,2 асистенции за речиси 30 минути поминати на паркетот. Претходно, на осумте одиграни пријателски натпревари, просечно реализираше 10,6 поени и 3,4 скока.

Симоновски, пак, воопшто не настапи за македонскиот национален тим поради повреда и рехабилитација од неа. Младеновски ги одигра сите шест мечеви со просек од 2,7 поени и 2,8 скока додека Мекиќ настапи на три средби со вкупно пет постигнати поени, први во својата репрезентативна кариера на сениорско ниво.

Сино-белите изминатиов викенд настапија на силниот меѓународен турнир „Мирза Делибашиќ“ на кој во петочното полуфинале загубија од силната Будуќност во меч во кој поради стомачен вирус не настапи Џош Скот, а утредента ја совладаа Босна Ројал за трето место на крајот од меморијалниот собир. Ѓорѓе Дреновац поради добрата игра и вкупно постигнатите 37 поени доби место во најдобрата петорка на турнирот.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page