Ѓорѓе Дреновац во најдобрата петорка на турнирот во Сараево!

2016 18 Сеп

Одличните игри на двата меча на силниот меморијален турнир „Мирза Делибашиќ“ на Ѓорѓе Дреновац му го донесоа првото индивидуално признание сезонава – место во најдобрата петорка на собирот во Сараево.

Српскиот интернационалец реализира 24 поени во синоќешниот триумф на МЗТ Скопје Аеродром во битката за третото место против Босна Ројал како и 13 во поразот во полуфиналната пресметка со Будуќност, поради што се најде во друштво на Џеј-Ар Рејнолдс (Будуќност), Харис Делалиќ (Босна) и Скоти Хопсон и Миро Билан од таборот на Цедевита. Изненадувачки, во најдобрата петорка немаше место за МВП-играчот на турнирот, бекот на хрватскиот тим, Џејмс Рашад.

Пехарот за најдобра екипа на меморијалот „Мирза Делибашиќ“ заврши во рацете на Цедевита, која во големото финале го декласира Будуќност со 89-66.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page