МЗТ Скопје поуспешен од Тајфун 77-70

2016 26 Фев

Тимот на МЗТ Скопје успеа да триумфира во вечерашната пресметка против словенечкиот преставник во АБА лигата, составот на Тајфун со резултат 77-70. До десетта победа во регионалното натпреварување оваа сезона, МЗТ Скопје Аеродром стигна многу потешко од очеувањата, затоа што победата против словенечиот кошаркарски шампион дојде со резултатски пресврт во второто полувреме. Избраниците на тренерот Јончевски во првиот дел од мечот одиграа премногу слабо во одбраната, дозволувајќи им на гостите да ја контролираат скок играта, а токму таа контрола им донесе лесни поени од втора шанса, па на полувреме заминаа со осум поени позитива.
МЗТ Скопје се врати во игра во вториот период, со цврста одбрана и добар скок, многу брзо успеа да ја анулира предноста на Тајфун, а во 27.та минута од средбата македонскиот шампион повторно се врати во водство кое потоа не го испушти до самиот крај на мечот.

Марко Луковиќ беше најпрецизен во редовите на МЗТ Скопје со 19 постигнати поени. Дреновац постигна 15, додека Дамјан Стојановски и Урош Луковиќ мечот го завршија со по 14 поени.

Кај Тајфун, Кларк постигна 16 поени, Паркер 14 поени.

Во последното коло од АБА лигата, МЗТ Скопје гостува кај Цедевита, во меч кој е закажан за недела (06.03.2016) со почеток од 19.00ч.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page