Задар подобар од МЗТ Скопје 84-72

2016 12 Фев

Тимот на МЗТ Скопје со пораз се враќа од гостувањето од Задар, откако вечерва домашниот состав беше поуспешен од македонскиот шампион со резултат 84-72.  МЗТ Скопје одигра катастрофално лошо во првото полувреме, во кое прими дури 52 поени, а во нападот постигна само 31 поен. Во второто полувреме МЗТ Скопје за момент успеа да ја намали предноста на Задар на 10 поени разлика, но тоа беше се што успеа да направи. Домашниот состав одигра многу подобро во текот на целиот натпревар и сосема заслужено дојде до 11.та победа во АБА шампионатот.
Избраниците на тренерот Горан Крстевски не успеаа да најдат одговор за Филип Краљевиќ кој го полнеше кошот на македонскиот шампион.  Краљевиќ средбата ја заврши како прв стрелец со реализирани 24 поени надополнети со 9 скока. Франко Шанго постигна 18 поени, додека американецот Коузи на крајот имаше 17 поени.

Кај МЗТ Скопје, Ѓорѓе Дреновац постигна 14 поени, Марко Љубичиќ 13, Марко Луковиќ и Дамјан Стојановски по 10 поени.

Следен натпревар за МЗТ Скопје е дуелот од домашниот шампионат против тимот на Работнички на гостински терен, кој е закажан за вторник со почеток од 19.00ч.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page