Пораз од Будуќност 68-72

2016 09 Фев

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром е поразен на домашен терен од лидерот на табелата Будуќност со резултат 68-72. Македонскиот шампион одигра одлична прва четвртина по која имаше водство од 10 поени разлика. Гостите од Подгорица во втората четвртина возвратија соодветно и со серија од 15-1 успеаа да го превземат водството во своја корист и на полувреме да заминат со минимална предност. Во второто полувреме се играше неизвесено се до самиот финиш на средбата. МЗТ Скопје имаше водство од 4 поени разлика на 5 минути до крајот на натпреварот но не успеа да ја задржи таа предност. При водство на МЗТ Скопје 68-67, Омар Кук постигна тројка со која му донесе водство на Будуќност. Во последниот напад на домашниот состав, прво Дамјан Стојановски, а потоа и Марко Луковиќ не успеаа да реалзириаат поени со кои резултатот ќе беше израмнет, додека на спротивната страна при контра напад поентираше Суад Шеховиќ и стави точка на мечот со конечен резултат 68-72.

Тадија Драгичевиќ постигна 17 поени, додека Алекс Мариќ и Суад Шеховиќ беа стрелци на 12 поени кај победничкиот состав.
Кај МЗТ Скопје, Ѓорѓе Дреновац постигна 15 поени, Дамјан Стојановски 11 поени, додека Марко Љубичиќ средбата ја заврши со 10 поени.

МЗТ Скопје во среда со почеток од 18.00ч го пречекува тимот на Струмица, додека следен натпревар во АБА лгиата е гостувањето кај Задар кое е закажано за петок со почеток од 20:00ч.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page