МЗТ Скопје поразен од Ц.Звезда 92-79

2016 01 Фев

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром со пораз се враќа од гостувањето во Белград, откако вечерва актуелниот шампион во АБА лигата беше подобар од македонскиот шампион со резултат 92-79.
Избраниците на тренерот Александар Јончевски доста лошо го отворија мечот, дозволувајќи домашниот состав многу рано да создаде двоцифрена предност. Во вториот период МЗТ Скопје успеа да ја намали разликата, па на полувремето Ц.Звезда отиде со предност од 48-40.  Со стартот на третата четвртина повторно лоша игра на МЗТ Скопје, па домашните кошаркари успеаа да создадат уште поголема предност со која влегоа во самиот финиш на средбата. До крајот на мечот, МЗТ Скопје се што успеа да направи е да ја намали негативата на 13 поени разлика.

Маик Цирбес беше незапирлив во дресот на Црвена Звезда, постигнувајќи 28 поени надополнети со 11 скока.

Тројца кошаркари кај МЗТ Скопје беа со двоцифрен број на поени. Урош Луковиќ постигна 20 поени, 9 скока и 6 блокади. Марко Луковиќ постигна 17 поени, додека Ѓорѓе Дреновац беше стрелец на 10 поени.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page