Триумф над Крка 69-67

2016 23 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје успеаа да ја совладаат екипата на Крка во трилер завршница со тесен резултат 69-67.  Цели 35 минути гостите од Ново Место го контролираа резултатот на овој натпревар, а на моменти имаа и двоцифрена предност. При израмнет резултат 59-59, Марко Луковиќ постигна значајна тројка со која МЗТ Скопје конечно успеа да го презеде водството во своја корист. Во самиот финиш МЗТ Скопје одигра добра одбрана врз Лука Лапорник кој не успеа да го реализира нападот кој можеше да значи победа за гостинскиот состав. 
Ѓорѓе Дреновац постигна 24 поени и беше најефикасен играч кај МЗТ Скопје. Марко Луковиќ беше стрелец на 13 поени, додека Дамјан Стојановски средбата ја заврши со 11 поени.
Во составот на Крка, Димец постигна 20 поени, додека Иванов беше стрелец на 12 поени.

Својот следен натпревар македонскиот кошаркарски првак ќе го има веќе во среда (27.01.2016) кога ќе го пречека тимот на  Бест Гевгелија.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page