Цибона-МЗТ Скопје 68-62

2016 16 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го забележеаа 12.от пораз во АБА лигата откако вечерва се поразени од домаќинот Цибона со резултат 68-62. Избраниците на тренерот Јончевски одиграа добро во првото полувреме на овој меч по кој имаа и водство од 8 поени разлика. Со стартот на второто полувреме, сосема поинаква слика на теренот, домашниот состав со добра одбрана почна да ја топи предноста на МЗТ Скопје. Клучната разлика тимот на Цибона ја прави во периодот од 32.та до 34.та минута кога создава предност од 6 поени разлика кои гостите од Скопје неможеа да ја надоместат до самиот крај на натпреварот.
Во второто полувреме тимот на МЗТ Скопје одигра премногу лошо во офанзивата постигнуваќи само 12, односно 11 поени во последните два периода од средбата.

Дамјан Стојановски и Ѓорѓе Дреновац постигнаа по 14 поени, Душко Буниќ беше стрелец на 12 поени.

Кај Цибона, Џејмс Флоренс постигна 18 поени, додека Анте Жижиќ средбата ја заврши со 11 поени.

Во рамките од домашниот шампионат, во среда од 18.00ч, тимот на МЗТ Скопје му гостува на Карпош Соколи.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page