Пораз од Сутјеска 71-75.

2016 11 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се поразени на домашен терен од тимот на Сутјеска со резултат 71-75 во натпревар од 19.то коло на АБА лигата.. Мечот помина во израмнета игра на двете страни во текот на целата средба со минамални промени на водството, меѓутоа Сутјеска беше екипата која беше поумешна во самиот финиш и успеа да ги однесе двата бода од гостувањето во Скопје.
На МЗТ Скопје не му помогна ни одличната игра на Урош Луковиќ кој средбата ја заврши со 17 поени и 18 скока. Покрај него со двоцифрен број на поени беа ште Стојановски, М.Луковиќ и Љубичиќ кои средбата ја завршија со по 13 поени.

Најефикасен играч кај гостите беше ветеранот Ратко Варда со 16 поени и 7 скока.

МЗТ Скопје својот следен натпревар во АБА лигата ќе го има во сабота кога гостува на Цибона, додека во меѓувреме во среда од 18.00ч на домашен терен ќе го одигра заостанатиот натпревар од домашниот шампионат против тимот на Фени Индустри.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page