Убедлив триумф над Игокеа 70-86

2016 03 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победа ја започнаа 2016-та година, откако вечерва на гостински терен убедливо го совладаа домашниот состав на Игокеа со резултат 70-86. Освен на самиот старт на мечот и водството на Игокеа од 9-1, македонскиот шампион имаше водеше во текот на целиот натпревар, а најголемата предност од 20 поени ја оствари во 27.та минута.

МЗТ Скопје шутираше одлично зад линијата за три поени, погодувајќи дури 16 пати што заедно со добрата одбрана се покажа клучно за осмиот овосезонски триумф во АБА лигата.

Ѓорѓе Дреновац беше прв стрелец во редовите на МЗТ Скопје со 27 постигнати поени. Марко Љубичиќ постигна 16 поени, на кои додаде 8 скока и 5 асистенции. Дамјан Стојановски средбата ја завршси со 15 поени, додека Данило Мијатовиќ беше стрелец на 13 поени.


Во тимот на Игокеа, Иван Раденовиќ беше најпрецизен со 16 поени.

МЗТ Скопје својот следен натпревар го игра во недела, кога на домашен терен ја пречекува екипата на Сутјеска.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page