Испечатете ја страната

Пораз од Мега Лекс во последните моменти 76-77

2015 28 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се тесно поразени од тимот на Мега Лекс 76-77 во натпреварот од 17.то коло на АБА лигата кој вечерва се одигра во Јане Сандански.  Натпреварот помина во израмнета игра на двете страни, иако гостинот имаше водство од девет поени разлика на три минути до крајот на првото полувреме. МЗТ Скопје успеа да врати со своја серија на поени па на паузата се замина со два поени позитива за Мега Лекс 39-41.

Во второто полувреме се продолжи со неизвесната игра и честите промени на водството. МЗТ Скопје имаше три поени предност (73-70) на една минута до крајот на средбата но не успеа да ја задржи.  При израмнет резултат 74-74, Дамјан Стојановски погоди две слободни фрлања за водство на МЗТ Скопје, меѓутоа домашните не успеаа да го одбранат последниот напад на Мега Лекс.кои преку Данило Николиќ постигнаа тројка на 2 секунди до крајот на мечот со која ја однесоа победата.

Урош Луковиќ беше најефикасен кај МЗТ Скопје со 17 поени, Мијатовиќ постигна 16 поени, Марко Луковиќ и Ѓорѓе Дреновац по 14 поени.

Кај Мега Лекс а воедно и на натпреварот, најпрецизен поединец беше Борис Савовиќ со 24 постигнати поени.

МЗТ Скопје ги продолжува своите настапи во домашното првенство во кое веќе во среда (30.12.2015) гостува кај тимот на Работнички, додека следен натпревар во АБА лигата е гостувањето кај Игокеа кое е закажано за недела (03.01.2016)