Испечатете ја страната

Евролигашки предизвик за МЗТ Скопје

2015 04 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во недела со почеток од 19.00ч, ја пречекуваат екипата на Цедевита со чиј дуел се заокружува првиот дел од сезоната во АБА лигата. МЗТ Скопје е во лоша серија од пет последователни порази во АБА натпреварувањето, додека Цедевита е во самиот врв на табелата, па во оваа средба влегува како голем фаворит.

Нагости ни доаѓа еден од главните фаворити за највисок пласман во АБА лигата. Склопија одличен состав кој е комбинација на домашни кошаркари и играчи кои доаѓаат од САД, кои се и со НБА искуство. Играат навистина добро, а доказ за тоа се четирите победи во Евролигата како и пласманот во горниот дел од табелата во регионалното натпреварување. Ќе мораме да одиграме многу подобро, поборбено и попаметно доколку сакаме успешно да парираме на фаворизираниот состав на Цедевита.- изјави тренерот Алеш Пипан пред натпреварот од 13.коло на АБА лигата.


Сигурно е дека ни престои еден тежок натпревар против квалитетна евролигашка екипа. Доколку сакаме да се оствари позитивен резултат, секој од нас ќе мора да изигра над своите можности. Ова е прилика за нас против една од најквалитетните екипи во регионот да покажеме дека кризата е зад нас и дека ќе се вратиме на правиот пат во вториот дел од сезоната во АБА лигата. изјави Ѓорѓе Дреновац.