Трета победа во серија за МЗТ Скопје.

2015 25 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје со тесен резултат 69-68 успеаа да го совладаат тимот на Цибона и да ја остварат третата победа во низа во АБА лигата. Во релативно израмнет натпревар, МЗТ Скопје ја имаше најголемата позитива во 21.та минута од средбата кога поведе со 41-32. Гостите од Загреб не се предадоа и успеаа да ја анулираат предноста во целост, а во еден момент дури и поведоа. Во самиот финиш на средбата по двете промашени слободни фрлања на Марко Љубичиќ при резултат 68-67, Цибона имаше шанса и за триумф, но МЗТ Скопје успеа да ги одбрани и двата напади, прво преку Флоренс, потоа и обидот за три поени на Јоксимовиќ кој заврши непрецизно.

Ѓорѓе Дреновац со 18 поени и 5 скока беше најдобар играч во редовите на МЗТ Скопје. Марко Луковиќ беше стрелец на 13 поени, додека Марко Љубичиќ постигна 11 поени.

Кај Цибона, Анте Жижиќ со 18 и Џејмс Флоренс со 16 поени беа единствените со двоцифрен учинок.

„Дадовме сѐ од себе и со последните атоми енергија победивме. Темпото е жестоко, имаме десет играчи и немаме време ниту за одмор ниту за тренинг. Играчите се целосно исцрпени, а тоа го намалува квалитетот на натпреварите. Имавме сигурно водство на крајот, но по сопствени грешки ѝ дозволивме на Цибона да се врати во игра. Победа, која ни дава голема самодоверба и енергија за идните средби.” – изјави тренерот Алеш Пипан по натпреварот.

„Им честитам на моите соиграчи на победата. Тежок натпревар за двете екипи Како што знаете од самиот почеток на сезоната имаме доста проблеми со повредите, а играме два натпревари неделно. Најважно е што победивме и што го сочувавме домашниот терен.”- изјави Марко Луковиќ.

МЗТ Скопје во среда (28.10.2015) ги продолжува своите настапи, овој пат во домашниот шампионат во кој што е домаќин на екипата на Кожув од Гевгелија. Натпреварот е закажан за 19.00ч. 

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page