МЗТ Скопје во недела од 17.00ч ја пречекува Цибона.

2015 24 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во недела со почеток од 17.00ч ќе ја пречекаат екипата на Цибона во рамките од 7.то коло на АБА лигата. 

Ни доаѓа екипата на Цибона, која е составена од неколку искусни играчи, а воедно и неколку млади и талентирани играчи. Секој противник го респектираме, па така е и со Цибона, меѓутоа ние како МЗТ Скопје се гледаме себеси и нашата игра. Сигурен сум дека ќе го дадеме својот максимум и дека тоа ќе биде доволно за триумф.
Ги повикувам сите наши фанови да дојдат и да ни дадат подршка затоа што со нив сме многу посилни."- изјави 
Марко Љубичиќ.

Дуелот против Цибона ќе биде од големо значење за нас, па со евентуален триумф ќе можеме да влеземе во победничка серија, која пак ќе не остави во горниот дел од табелата. За да го исполниме тоа ќе мораме од првата минута да бидеме сконцентрирани како во нападот така и во одбраната. Цибона има тим кој е спој на младост и искуство, засилени со двајца квалитетни и искусни играчи, така што секое опуштање од наша страна они можат да го казнат. Мораме да бидеме цврсти во одбраната и во скокот, па ако тоа го оствариме сигурен сум дека можеме да дојдеме до триумфот." изјави Данило Мијатовиќ.

МЗТ Скопје и на овој меч против Цибона, поради повреди нема да може да смета на Немања Протиќ и Марко Симоновски.

Влезниците за дуелот МЗТ Скопје- Цибона се веќе во продажба и може да се набават на билетарата пред СЦ Јане Сандански како и онлајн на www.ticketplus.mk по цена од 50 денари за горните трибини, односно 100 денари за ВИП секциите. 

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page