Втор триумф на МЗТ Скопје, совладана Игокеа 75-70.

2015 13 Окт

Тимот на МЗТ Скопје Аердором ја забележа и втората победа, втора на домашен терен со триумфот над Игокеа со резултат 75-70. Домашните одлично го стартуваа и овој натпревар, многу брзо поведоа со висока разлика која на полувреме изнесуваше 48-29. Во вториот дел повторно пад во играта на македонскиот шампион, а гостинската екипа тоа го искористи одлично. Во последните пет минути од средбата Игокеа намали на само шест поени негатива (66-60), меѓутоа со тројката на Дамјан Стојановски МЗТ Скопје ја врати предноста на девет поени разлика. До крајот на мечот, со погодените слободни фрлања на Дреновац и Љубичиќ, МЗТ Скопје ја осигура победа со конечни 75-70.

Данило Мијатовиќ со 14 поени и 11 скока беше најефикасен играч кај МЗТ Скопје. Ѓорѓе Дреновац беше стрелец на 13 поени, Буниќ 12 поени. Марко Љубичиќ одигра одличен меч со 10 поени, 10 асистенции и 6 скока.

Кај Игокеа, Вук Радивојевиќ беше стрелец на 20 поени, Коматина постигна 16, а Тодоровиќ 11 поени.

МЗТ Скопје својот следен меч во АБА лигата го игра нагости против Сутјеска, во недела (18.11.2015) со почеток од 18.00ч.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page