МЗТ Скопје поразен од Мега Лекс 82-70.

2015 09 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го доживеаа третиот пораз во АБА лигата, откако вечерва се поразени од тимот на Мега Лекс со резултат 82-70. МЗТ Скопје одигра одлична прва четвртина која ја доби со високи 8-26, но тука како да застана целосно. Домаќинот успеа во голема мера да ја намали предноста во вториот период (30-16), додека во третиот период успеа да го превземе водството кое до крајот на мечот само го зголемуваше.

Марко Луковиќ и Марко Љубичиќ беа најефикасни во редовите на МЗТ Скопје со по 16 поени. Ѓорѓе Дреновац беше стрелец на 15 поени.

Кај Мега Лекс,  Предраг Самарџиски беше најдобар играч со 22 поени и 10 скока.

Игравме добро во првата четвртина, по што застанавме и му дозволивме на противникот да се врати, пред сѐ поради големи пропусти во одбраната. Примивме премногу лесни поени, а потоа, кога ривалот се разигра, беше тешко да се вратиме на старото ниво на игра. Ја изгубивме битката под кошевите и прокоцкавме19 топки. Со такви статистички параметри не може да се победи во гости. Не ни преостанува ништо друго освен да продолжиме со работа и да ги исправиме грешките”- изјави Алеш Пипан по мечот со Мега Лекс.

Во недела со почеток од 19.00ч МЗТ Скопје е домаќин на Струмица во рамките од 1.то коло на домашната кошаркарска лига.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page