Убедлив триумф над Металац (93-67)

2015 04 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го остварија првиот триумф во новата сезона од АБА лигата, откако вечерва во СЦ Јане Сандаски во Скопје убедливо го совладаа тимот на Металац со резултат 93-67. Домаќините клучната разлика ја направија во втората четвртина која што ја добија со резултат 24-14, а на полувреме заминаа со 13 поени позитива. Третиот период донесе израмнета игра на двете страни, додека последниот период МЗТ Скопје успеа повторно да го добие со двоцифрена разлика 28-16.

Ѓорѓе Дреновац и на оваа средба беше најефикасен играч во редовите на МЗТ Скопје, со реализирани 17 поени и 8 скока. Марко Љубичиќ по двонеделна пауза се врати во составот и имаше ефект од 16 поени, заедно со 7 скока и 4 асистенции. Дамјан Стојановски и Марко Луковиќ постигнаа по 14 поени, додека со двоцифрен учинок беше уште и Душко Буниќ.

Кај Металац Фармаком, Душан Кутлешиќ со 11 поени беше единствениот играч со двоцифрен број на поени.

Македонскиот шампион утре патува за Белград, каде што во вторник со почеток од 21.00ч ќе ги одмери силите со екипата на Партизан.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page