Одржан прес пред мечот со Металац

2015 03 Окт

По повод престојниот натпревар од АБА лигата помеѓу МЗТ Скопје и Металац, денеска во салата за прес при СЦ Јане Сандански се одржа прес конференција на која што присуствуваа тренерот Пипан, како и играчите Симоновски и Дреновац.

Алеш Пипан
За само три дена, пред самиот старт на сезоната останавме без двајцата стартни плејмејкери и тоа за нас беше голем што и се виде против Унион Олимпија. Доста брзо го најдовме Синадиновиќ кој дојде за да ни помогне, но премногу краток беше периодот за негова адаптација и неможеше да се снајде баш најдобро. Треба да заборавиме се што беше во Љубљана и целосно да се свртиме кон екипата на Металац, против кој што сакаме да го поправиме впечатокот. Нема да биде лесно, се работи за доста незгоден тим, кој трча многу и се бори. Ќе барам машка игра од моите играчи за да дојдеме до првата победа. Ситуацијата со Љубичиќ е нешто подобра, ќе одржи и тренинг па се надевам дека ќе може да ни помогне неколку минути на утрешниот натпревар."

Ѓорѓе Дреновац
Не треба да бараме алиби за поразот во Љубљана. Распоредот е таков каков што е, играме повеќе натпревари во само неколку дена. Ја познавам екипата на Металац многу добро, ги знам нивните играчи, со некои од нив имам и играно заедно. Се работи за добра екипа која игра доста борбено. Тоа е важен натпревар за нас и сметам дека можеме да ја добиеме само доколку ја подобриме нашата енергија и ги остраниме тие наши падови во играта кои што се случија на средбата против Олимпија."

Немања Протиќ е повреден и нема да биде на располагање на тренерот Пипан за оваа средба.

Натпреварот помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Металац Фармаком е закажан за недела, со почеток од 19.00ч. Влезниците за оваа средба се веќе во продажба по цена од 100 и 200 денари и може да се набават на билетарата пред СЦ Јане Сандански.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page