МЗТ Скопје поразен во Љубљана (91-76)

2015 01 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром доживеаа висок пораз на првиот меч од новата сезона во АБА лигата кој што го одиграа против Унион Олимпија во Љубљана. Избраниците на тренерот Пипан беа рамновправен противник се до пред крајот на полувремето, кога домашниот состав со мини серија успеа да направи разлика со која што замина на полувремето. На стартот на третиот период Олимпија успеа да ја зголеми предноста на двоцифрена разлика која што до самиот финиш на средбата само ја зголемуваше за конечни 91-76.

Зек Рајт со 14 поени, 6 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки беше најдобар играч во домашниот состав, а голема помош имаше во Сава Лешиќ кој средбата ја завшри со 18 поени.

Во тимот на МЗТ Скопје Аеродром Ѓорѓе Дреновац постигна 21 поен, Марко Луковиќ 14п, додека Душко Буниќ беше стрелец на 10 поени.

МЗТ Скопје својот следен натпревар го игра во недела, кога на домашен терен го пречекува составот на Металац Фармаком. Средбата е закажана за 19.00ч.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page