Старт на АБА лигата, МЗТ Скопје гостува во Љубљана

2015 30 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја стартуваат новата сезона од АБА лигата со тешко гостување во Љубљана против домашниот состав на Унион Олимпија. Проблем уште на стартот ќе биде фактот што тимот ќе патува за Словенија без плејмејкерите Марко Љубичиќ и Немања Протиќ кои поради повреда ќе го пропуштат овој прв меч. 

„Патуваме за Љубљана со надеж дека ќе се прикажеме во едно добро издание. Во тимот владее добра атмосфера, момците тренираат напорно и сите со нетрпение го очекуваат првиот натпревар. Знаеме дека Олимпија на домашен терен ќе даде се од себе за да ги освои двата бода, па затоа очекувам да имаме тежок натпревар. За нас голем проблем ќе биде неиграњето на Љубичиќ и Протиќ, како и кусиот период за адаптација на Синадиновиќ кој се приклучи на тимот пред два дена. Во секој случај треба да дадеме максимален напор да одиграме добро во одбраната, затоа што само така може да се надеваме на позитивен резултат."- изјави тренерот Алеш Пипан.


„Ќе биде доста напорно на самиот старт од АБА лигата, има ептен згуснат распоред во првите неколку кола. Унион Олимпија е екипа за респект. Ние сме доста добро запознаение за каков противник се работи. Мора да бидеме фокусирани во одбраната, и сметам дека доколку успееме да ги сопреме нивните најдобри поентери ќе имаме шанса за триумф." изјави капитенот на МЗТ Скопје, Марко Симоновски.

Натпреварот помеѓу Унион Олимпија и МЗТ Скопје Аеродром е закажан за четврток (01.10.2015) со почеток од 17.00ч со директен пренос на националната МРТВ.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page