Висок пораз од Црвена Звезда (89-56)

2015 22 Мар

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром е убедливо поразен од Црвена Звезда со резултат 89-56, во последниот настап од АБА лигата оваа сезона. Домашните играчи уште од самиот старт го најавија триумфот, откако многу брзо создадоа двоцифрена предност која до крајот на мечот само ја зголемуваа.

Во редовите на МЗТ Скопје, Стефан Синовец постигна 17 поени, додека Александар Чапин беше стрелец на 10 поени.

Мајк Цирбес со 19 поени беше предводник во победата на Црвена Звезда, Дангубиќ и Митровиќ постигнаа по 13, додека Чарлс Џенкинс средбата ја заврши со 11 поени.

Својот следен натпревар МЗТ Скопје Аеродром го игра нагости против Карпош Соколи, во меч кој е закажан за четврток (26.03.2015).

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page