Црвена Звезда-МЗТ Скопје, недела 12.00ч

2015 20 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во сабота наутро патуваат за Белград, каде што во недела со почеток од 12.00 часот ќе го одиграат последниот меч од овогодинешната сезона на АБА лигата против Црвена Звезда Телеком, тимот со најдобар скор во лигата. Избраниците на тренерот Алеш Пипан ќе бидат пред голем предизвик против лидерот во АБА лигата кој по 25 одиграни натпревари има скор од 23 победи, 2 пораза и импресивни 12 победи во исто толку натпревари на домашен терен. Црвена Звезда паралелно со мечевите од АБА, настапува и во најквалитетното кошаркарско натпреварување Евролигата, каде што добрите игри им обезбедија пласман и во Топ 16 фазата. Во првиот одигран дуел во Скопје помеѓу МЗТ Скопје и Црвена Звезда, гостите од Белград славеа со резултат 76-79.
Од друга страна, добрите игри на македонскиот кошаркарски шампион на последните неколку мечеви придонесе за подобрување на атмосферата во тимот, и иако следува меч без посебно резултатско значење играчите на МЗТ Скопје со желба и мотив за што подобро преставување против наквалитетниот тим во АБА лигата.

„Не очекува тежок натпревар против најдобриот тим во АБА лигата оваа сезона. Играат навистина добра кошарка и тоа го покажуваат при настапите против најаките клубови во Европа. Нам ни преостанува во последниот меч од АБА лигата оваа сезона да дадеме се од себе и да се прикажеме во што подобро светло.” Сеад Шеховиќ.

„Последно коло на АБА лигата и дуел против тежок противник. Имаме добар ритам на последните неколку натпревари. Црвена Звезда е фаворит на оваа средба, но ние ќе се потрудиме да одиграме што подобро и задоволни да се вратиме од Белград.” Александар Цветковиќ

„Малку неочекуван термин за одигрување на натпреварот, меѓутоа тоа не би требало да игра некоја голема улога. Мислам дека влегуваме во серија на добри игри и  резултати, и би било добро против најквалитетна екипа во АБА лигата да одиграме најдобро што можеме. Се надевам дека ќе одиграме еден квалитетен и машки натпревар, па ако ни се пружи шанса зошто и да не изненадиме и да надоместиме за она што го пропуштивме од првиот одигран дуел со Црвена Звезда во Скопје.Предраг Самарџиски.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page