МЗТ Скопје поуспешен од Цибона 78-65

2015 16 Мар

Во последниот натпревар на домашен терен од овогодинешната сезона на АБа лигата, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја совладаа Цибона со резултат 78-65 и успеа да ја прекинат серијата од седум порази по ред.
МЗТ Скопје одигра добар меч, оствари водство од 7 поени разлика по првите 10 минути, додека на полувремето замина со резултат 38-29. Во третата четвртина се играше сосема рамноправно, за да отпорот на гостите од Загреб целосно биде скршен во последниот период, кога МЗТ Скопје успеа да ја оствари и најголемата предност при резултат 71-56.
Петмина играчи на МЗТ Скопје Аеродром беа со двоцифрен поентерски учинок, а нив ги предводеше капитенот Урош Лучиќ кој средбата ја заврши со 16 поени и 9 скока. Марко Симоновски беше стрелец на 15п, Сеад Шеховиќ на 13п, Стефан Синовец на 12п, Предраг Самарџиски беше со двоен ефект од11 поени и 11 скока.

Во тимот на Цибона, со по 13 постигнати поени беа Влатко Илиевски и Анте Жижиќ.

МЗТ Скопје Аеродром својот следен меч го игра во четврток, во рамките од домашниот шампионат каде што го пречекува тимот на Куманово.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page