МЗТ Скопје поразен и од Левски 91-90

2015 09 Мар

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром е поразен од составот на Левскиж, во неизвесна завршница по едно продолжение од 5 минути. Домаќинот одлично го отвори мечот и многу брзо создаде двоцифрена предност која ја сочува до полувремето. Левски имаше водство од 13 поени разлика на стартот од последниот период, меѓутоа МЗТ Скопје успеа да одигра солидни 10 минути во кои успеа целосно да ја надомести разликата, па мечот мораше да продолжи со екстра период од 5 минути. Во продолжението МЗТ Скопје беше на чекор на триумфот, откако при водство од 89-90 и неуспешните фрлања на Спас Николов, следуваше лоша реакција во одбраната која му дозволи на Џими Хант да оствари офанзивен скок и постигне поени за превземање на водството и резултат 91-90, што на крајот се покажа како конечен.

Стефан Синовец со 29 поени беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје. Александар Чапин беше стрелец на 19, додека Предраг Самарџиски мечот го заврши со 17 поени.

Во тимот на Левски, петмина играчи беа со двоцфрен поентерски учинок, а најефикасен беше Иванов со 20 поени.

МЗТ Скопје своите настапи ги продолжува во домашниот кошаркарски шампионат, каде што во четврток со почеток од 18:00ч е домаќин на Кожув.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page