Левски Софија - МЗТ Скопје, Понеделник 18:00ч

2015 07 Мар

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром во недела патува за Софија за натпреварот од 24.то коло на АБА лигата против дебитантот Левски. Тоа ќе биде втор меѓусебен дуел, откако во првиот меч на домашен терен МЗТ Скопје многу потешко од очекувањата и со голем пресврт успеа да го совлада бугарскиот шампион. „Металците“ предводени од тренерот Пипан веќе одреден период тренират со засилено темпо и се подготвуваат за престојните натпревари. Со тренинзи започна и новоангажираниот плејмејкер Александар Чапин,  а неговиот дебитантски настап се очекува токму на средбата во Софија.

Првите впечатоци за мојот нов клуб се навистина одлични, многу сум задоволен од приемот и веќе се чуствувам како да сум овде подолг период. Познавам неколку играчи од претходно, исто како и тренерот Пипан, чиј што начин на работа ми е добро познат, па периодот на адаптација е доста побрз во однос на некои други средини. Веќе втор ден тренирам со тимот, работиме напорно и се подготвуваме за натпреварот против Левски. Се надевам деќа ќе одиграме најдобро што можеме и секако дека одиме на победа. “  – Александар Чапин

Натпреварот помеѓу Левски Софија и МЗТ Скопје Аеродром е закажан за понеделник (09.03.2015) со почеток од 18.00 часот.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page