МЗТ Скопје совладан од У.Олимпија на домашен терен

2015 01 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром повторно се поразени на домашен терен овој пат од одличниот состав на Унион Олимпија со убедливи 57-76. Домашните се држеа до средината на вториот период кога имаа и водство од пет поени, но потоа следуваше серија од 19-3 на гостите која им овозможи предност од 11 поени на полувремето. Добрата игра на Олимпија продолжи и во второто полувреме кога и ја зголемуваа предноста до максимални 25 разлика. До крајот на мечот МЗТ Скопје успеа само да намали на конечни 57-76.

Избраниците на тренерот Алеш Пипан не успеаа да најдат одговор за одличните Препелич и Маринович кои мечот го завршија со 18, односно 15 поени. Со двоцифрен учинок беше уште и Ален Омиќ со 11 поени.

Во домашниот состав капитенот Урош Лучиќ постигна 15 поени, додека Сеад Шеховиќ имаше 9.

МЗТ Скопје следниот натпревар го игра нагости против Струмица, во среда со почеток од 18.00ч

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page