Недела 17:00ч, МЗТ Скопје-Унион Олимпија

2015 27 Фев


МЗТ Скопје Аеродром овој викенд ги продолжува своите настапи во АБА лигата, па во рамките од 23.то е домаќин на словенечка Унион Олимпија. Двете екипи својот прв меѓусебен дуел оваа сезона го одиграа во Љубљана кон крајот на месец Ноември, во кој што меч славеше домаќинот, тогаш предводен од сегашниот тренер на МЗТ Скопје со убедливи 69-56.
Новиот шеф на стручен штаб на екипата од Аеродром, Алеш Пипан во пресрет на мечот против Олимпија со очекувања за тешок натпревар пред се поради фактот што во тимот на актуелниот македонски шампион поради повреди неизвесен е настапот на неколку стандардни игррачи, но и покрај лошата здраствена ситуација, Пипан со очекувања за максимално ангажирана игра од сите играчи кои во недела ќе добијат шанса за настап.

Не очекува еден тежок натпревар против секогаш незгодниот состав на Унион Олимпија. Имаме доста проблеми со повредените играчи и неколку од нив се или целосно во аут или се неизвесни за настап, што значи дека воопшто нема да ни биде лесно. Во овој период колку што сум тука веќе одработивме неколку тренинзи и ќе пробаме да направиме неколку корекции во играта колку што е тоа можно за овие 2-3 дена. Го повикувам нашите фанови да дојдат на оваа средба и да ни дадат подршка, па јас се надевам деќа ќе одиграме најдобро што можеме.” изјави Алеш Пипан.

Натпреварот помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Унион Олимпија е закажан за недела (01.03.2015) со почеток од 17.00ч.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page