МЗТ Скопје поразен од Игокеа на домашен терен

2015 15 Фев

Нов пораз за тимот на МЗТ Скопје Аеродром и тоа на домашен терен од екипата на Игокеа. Во натпревар со две тотално различни полувремиња, кошаркарите на Игокеа беа тие кои на крајот се радуваа на победата. МЗТ Скопје одлично го започна мечот, многу брзо создаде двоцифрена предност со која отиде на полувреме (48-37). Во вториот период сосема поинаква слика, составот од Александровац во првиот неколку минути од третата четвртина направи серија од 11-0 превземајќи го водството кое до крајот на средбата многу успешно го зачува за победа со резултат 76-80.
МЗТ Скопје и на оваа средба настапи без повредениот Овен Класен, а дополнителен хендикеп беа петте досудени лични грешки за Предраг Самарџиски кој одигра само 13 минути.

Урош Лучиќ беше прв стрелец во редовите на МЗТ Скопје со 16 поени. Александар Цветковиќ постигна 13, Сеад Шеховиќ 12, Марко Симоновски 11 поени.

Марко Чакаревиќ беше најефикасен во составот на Игокеа со 18п. Брејди Хејслип имаше 16, додека Буниќ беше стрелец на 13 поени.

Во среда со почеток од 18.30ч, МЗТ Скопје е домаќин на Работнички во рамките од домашната кошаркарска лига.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page