МЗТ Скопје-Игокеа, недела 19.00ч

2015 13 Фев

МЗТ Скопје Аеродром ги продолжува своите настапи во АБА лигата па во недела на домашен терен ја пречекува екипата на Игокеа. Во првиот меѓусебен дуел одигран во Александровац на 22-ри ноември минатата година, тимот на МЗТ Скопје успеа да ја оствари првата победа на гостински терен во тековната сезона на АБА лигата. „Металците" тогаш предводени од Дамјан Стојановски (20п) и Урош Лучиќ (15п) одиграа одличен меч и успеаа да совладаат противникот. Овој пат ситуацијата е сосема поинаква па во составот поради повреда ќе ги нема Дамјан Стојановски и Овен Класен, но од друга страна  тренерот Јончевски на располагање сега ќе ги има Стефан Синовец, Предраг Самарџиски и Сеад Шеховиќ кој поради болест го пропушти првиот дуел.

„Ни претстои период во кој мораме да покажеме дека МЗТ Скопје Аеродром е квалитетна екипа без разлика на сите порази во последно време. Ќе имаме неколку тешки натпревари во наредните 7 дена каде мроаме да покажеме карактер на една сериозна и добро подготвена екипа. Почнуваме против екипата на Игокеа со која било кој резултат освен победа ќе се смета за неуспех. Не го потценуваме противникот воопшто, туку напротив, тие почнаа да играат доста добро особено со доаѓањето на Хејслип. Го анализиравме противникот, нивните појаки и послаби страни како тимски така и индвидиуално . Време е да се вратиме на победничките патеки.”– изјави тренерот Александар Јончевски.

Дуелот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Игокеа се игра во недела 15.02.2015 со почеток од 19.00 часот. Билетите за овој меч се веќе пуштени во продажба и може да се набават по цена од 100 и 200 денари.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page