МЗТ Скопје поразен во драматичен финиш

2015 09 Фев


Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се поразени од Металац од Ваљево во тесна завршница со резултат 69-67.  Во израмнет меч, со многу грешки на двете страни и често превземање на водството од двете екипи, домашниот состав беше тој кој на крајот се радуваше на победата. При резултат (67-67) Немања Протиќ успеа да го постигне победничкиот кош во последните моменти од мечот , откако претходно Урош Лучиќ постигна тројка за израмнување.

Токму Немања Протиќ со 21 поен беше најефикасен играч во домашниот состав, додека Никола Јевтовиќ беше стрелец на 10 поени.

Во редовите на МЗТ Скопје, Предраг Самарџиски имаше фанстичен учинок од 20 поени и 20 скока но и тоа не беше доволно МЗТ Скопје да издвојува победа. Покрај Самарџиски, со двоцифрен учинок беше уште и Стефан Синовец кој мечот го заврши со 17 поени.

Следниот меч во АБА лигата, МЗТ Скопје Аеродром го игра наредната недела кога ја пречекува екипата на Игокеа, додека претходно ќе гостува кај тимот на В. Лисици.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page