Понеделник 20.30ч, Металац-МЗТ Скопје Аеродром

2015 07 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во недела патуваат за Ваљево за дуелот од 21.то коло на АБА лигата против екипата на Металац. Дебитантот во овогодинешната сезона од АБА лигата игра одлично и важи за едно од најголемите изненадувања со досегашен скор од 9 победи и 11 порази. На свој терен Металац успеа да ги совлада фаворизираните екипи на Будуќност и Цедевита, додека нагости беше подобар од Унион Олимпија. Во првиот круг од натпреварувањето Металац беше поуспешен и од МЗТ Скопје Аеродром, кој го совлада со резултат 58-64.

Екипата на Металац од Ваљево е наш должник за поразот кој го претрпевме во првиот дел од сезоната, во кој што одиграме премногу лошо. Имавме доволно време да се подготвиме за овој дуел и верувам дека ако во поголемиот дел од натпреварот одиграме онака како што игравме на претходните мечеви, можеме да го изненадиме Металац на нивниот терен, иако треба да се каже дека Металац на свој терен во Ваљево игра одлично и успеа да совлада неколку јаки екипи.
Што се однесува до нас, ние се уште не сме комплетирани целосно, меѓутоа тие што ќе патуваат и ќе бидат во можност да настапат на оваа средба, сигурно е деќа ќе мора да го дадат максимумот за да можеме да се надеваме на позитивен резултат.” изјави тренерот Александар Јончевски.

Поради повреда на грбот, МЗТ Скопје на овој меч нема да може да смета на канаѓанецот Овен Класен кој нема да патува на ова гостување. Добра вест за тренерот Јончевски ќе биде враќањето во тимот на репрезентативецот Марко Симоновски кој целосно се опорави од повредата и сигурно ќе настапи на мечот со Металац.
Очекувањата за оваа средба во Ваљево се дека мора да одиграме максимално добра во одбраната, да го спречиме нивното најсилно оружје а тоа е нивната контра и полуконтра, па доколку успееме во тоа мислам дека можеме да се надеваме на позитивен резултат. Веќе две недели тренирам со тимот со полн интензитет и целосно сум спремен да го дадам максумумот на престојната средба со Металац.” – изјави Марко Симоновски.

Дуелот Металац Фармаком-МЗТ Скопје Аеродром е закажан за понеделник (09.02.2015) со почеток од 20.30 часот.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page