Испечатете ја страната

МЗТ Скопје поразен од Партизан на домашен терен

2015 01 Фев

МЗТ Скопје Аеродром е поразен од Партизан со резултат 55-63 во натпреварот од 20.то коло на АБА лигата кој се одигра вечерва во салата Јане Сандански. Во натпревар кој помина со мал број на постигнати поени, гостите од Белград беа тие кои на крајот се радуваа на победата. МЗТ Скопје одигра солидни три четвртини по кои имаше водство од 1 поен, но целосно потфрли во последниот период каде што постигна само 6 поени, а дозволи Паратизан да постигне 15.
Сеад Шеховиќ со 19 реализирани поени беше најефикасен играч на вечерашниот меч. Покрај него, со двоцифрен број на поени беше уште и Урош Лучиќ со 10 поени и 7 скока. Предраг Самарџиски мечот го заврши со 8 поени на кои додаде и 8 скока.

Александар Павловиќ со 13 поени го предводеше тимот на Партизан до триумфот. Михајло Андриќ постигна 11, додека Милан Мачван 10 поени.

Следниот натпревар за МЗТ Скопје во АБА лигата, е дуелот од 21.то коло и гостувањето во Ваљево, против домашниот состав на Металац.