Испечатете ја страната

Унион Олимпија-МЗТ Скопје Аеродром 69-56

2014 30 Ное

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром е поразен од Унион Олимпија со 69-56  во меч од 10.то коло на АБА лигата кој се одигра вечерва во Љубљана. По израмнетата игра во првото полувреме кога Олимпија имаше позитива од само од еден поен, МЗТ Скопје одигра лош трет период кој го загуби со 8 поени разлика. Во последната четвртина само ја одржуваа стекната предност и сосема заслужено дојдоа до триумфот.

Во составот на МЗТ Скопје, Урош Лучиќ и Александар Цветковиќ беа најдобри поединци со по 13 постигнати поени. Ален Омиќ постигна 14 поени, додека Маринели, Мариновиќ и Каначевиќ мечот го завршија со по 13 поени кај победникот.

Следениот меч за МЗТ Скопје Аеродром е натпревар од домашниот шампионат, против екипата на Куманово, кој е закажан за среда (03.12.2014) со почеток од 19:00 часот.