Обновен договорот со Николов, ангажирани Хрват и двајца Американци!

2021 02 Авг

Управата на МЗТ Скопје Аеродром изминатиот период го мина во интензивни преговори со поголем број квалитетни кошаркари со цел да се дојде до вистинските засилувања за новата сезона во која ќе ја браниме двојната круна на домашна сцена.

Изборот падна на двајца Американци, Дастин Ваер (31 год, 183 см) и Хуан Дејвис (24 год, 203 см), еден добро познат хрватски интернационалец, Роберт Рикиќ (31 год, 219 см), додека обновен е и договорот со македонскиот репрезентативец Кристијан Николов (24 год, 187 см).

Ваер е игра на позицијата плејмејкер и зад себе има големо европски искуство, кое му почна пред десетина години во дресот на Цибона, а потоа настапувал за екипи како германски Улм, Јашеберени, ЗТЕ (Унгарија), Виши, Булазак (Франција), Лукоил Академик, Колосос и полски Шчекин каде што ги мина последните две сезони. Дејвис е крилен центар кој доаѓа од холандски Феенорд, а има играно и за финските екипи Нокиа и Каухајон, со кој беше дел од Лигата на шампионите на ФИБА. Џинот Рикиќ е поранешен играч на Широки, Будуќност, Игокеа, Сплит, кој минатото првенство беше најдобар играч на Еуро Никел.

Николов, пак, трета сезона по ред ќе го носи сино-белиот дрес на нашиот клуб, со што ја збогатува репрезентативната колонија во МЗТ Скопје Аеродром. Тренерот Дарко Радуловиќ ќе има големи очекувања од него во делот на организацијата на играта, особено по заминувањето на Андреј Магдевски на печалба во Полска.

Капитен на екипата останува Дамјан Стојановски, а договорни обврски со нашиот клуб имаат уште и Бојан Крстевски, Адем Мекиќ и Дамјан Робев. Со ова, најверојатно, засега ќе го заокружиме ростерот со напомена дека останатите четири места во тимот ќе бидат пополнети со играчи од нашата младинска школа, пред се од вториот тим, со цел најголемите таленти да добијат шанса да се натпреваруваат со најдобрите со кои располага МЗТ Скопје Аеродром.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page