Испечатете ја страната

Самарџиски повторно во дресот на МЗТ Скопје Аеродром

2019 04 Јан

По три ипол годишна пауза, македонскиот кошаркарски репрезентативец, Предраг Самарџиски (32 год., 215 см.) повторно ќе го облече дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша договор со нашиот тим со важност до крајот на сезоната.

Центарот се враќа во добро позната средина, каде што настапуваше во сезоната 2014/15 во која дојде до шампионската титула со „металците“. Тој минатите две сезони беше кошаркар на Мега Лекс, додека во „Јане Сандански“ доаѓа како слободен агент и се очекува да ја пополни празнината во рекетот поради подолгото отсуство на Љубомир Младеновски, кој веќе втор месец се рехабилитира по скршеницата на раката, а која заздравува побавно од очекувањата. Пред нашиот тим е серија тешки натпревари, поради што се надеваме дека искуството на Самарџиски и тоа како ќе ни помогне во играта под двата коша.

Корпулентниот центар кариерата ја почна во екипата на Водњански лисици, а уште како тинејџер замина во белградски Партизан. Досега има играно уште и за екипите на ФМП, Црвена звезда, Литвос Ритас, Олин Едирне, Мерсин, ТЕД Анкара и Бујукчекмече. За репрезентацијата на Македонија почна да игра во 2008 година, а последниот настап во жолто-црвениот дрес го имаше на ЕП 2015 година во Загреб.