Прва лига
Гостивар нѐ изненади во првиот домашен меч во Првата лига!

Пораз на домашен терен во пресметката со Гостивар (79-80) во борбен и до крај неизвесен меч во кој имавме напад и шут за победа, но за жал топката наместо во кошот заврши на првиот обрач.
Ова беше дуел од 2. коло од Првата лига во кој најефикасен кај плаво-белите беше Бојан Крстевски со 15 поени, додека зад него беа Мајк Кефи со 14, Самет Јигитоглу со 11 и Бре Ајви со 10 поени.

Анализа на евентуалните пропусти ќе се прави вечерва, а веќе од утре мислите ќе ги насочиме кон исклучително важниот дуел во АБА, кој нѐ чека исто така во „Јане Сандански“.
Противник ќе ни биде црногорскиот претставник СЦ Дерби, а средбата е закажана за в сабота (22 октомври) од 20.30 часот.