Испечатете ја страната

Талентите на МЗТ денеска и утре на мегдан на Буба баскет и на Работнички

2018 21 Јун

По двомечот со гостите од американското средно училиште „Блекхок кристијан хај скул“, кој заврши нерешено со по еден триумф на двете екипи, талентите на МЗТ Скопје Аеродром на возраст од 15 до 18 години во следните 48 часа ќе одиграат уште две силни пријателски средби.

Прва пречка на избраниците на тренерот Дарко Димитријевиќ е бугарскиот тим Буба Баскет, натпревар кој е на програмата денеска со почеток во 16.30 часот во спортскиот центар „Ново Лисиче. Утре, пак, во истиот термин, сино-белите момчиња ќе се сретнат со Работнички исто така во популарната „дупка“ во Н. Лисиче.

Пријателски средби ќе одиграат и нашите гостинчиња од САД и тоа вечерва против Работнички (18 часот) и утре против Буба баскет (10 часот). Двата меча ќе се случат во големата сала во СЦ „Јане Сандански“.